Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младиќ осуден на доживотен затвор, како течеше процесот до пресудата

0
By Нова ТВ on November 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од своите злодела во 1995 година, до денешната пресуда против Ратко Младиќ поминаа над 20 години. Хашкиот трибунал денеска стави крај со пресудата во која тој е осуден за геноцид и злосторство врз човештвото.

Само неколку дена по масакарот во Сребреница во јули 1995 година, Хашкиот трибунал поднесе обвиненија за 24 луѓе за најтешки злосторства, а помеѓу нив и Ратко Младиќ.

Во тое време се уште не беше познат размерот на убиствата кои се случувале во Сребреница, за неколку години подоцна, името на Младиќ да предизвикува вознемиреност со оглед на бројот на жртви и теророт кој го предизвикал.

Денес неговото досие покажува дека е одговорен за еден од најголемите масакри на територија на Европа после Втората Светска Војна.

Младиќ заедно со Радован Караџиќ се обвинети врз основа на нивната командна одговорност, за геноцид, злосторство врз човештвото, кршење на правилата за време на војна против луѓе кои не учествуваат во неа и кршење на Женевската конвенција од 1949 година која уредува заштитата на цивили за време на војна.

Ратко Младиќ и Радован Караџиќ

Во однос на „злосторство врз човештвото“, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ самостојно или во организација со други планирале, наредиле или на други начини помогнале и го поддржале планирањето, подготовката и извршувањето на прогонот на политичка и верска основа на цивили кои биле босански Муслимани и босански Хрвати. Или знаеле или имале причина да знаат дека нивните потчинети биле подготвени да извршат такви дела или веќе ги извршиле, и не презеле неопходни мерки да спречат или казнат такви дела или да ги казнат извршителите, се вели во обвинението.

Во однос на „геноцид“, Младиќ е обвинет за тероризирање на бошњачкото население.

Тоа е првото обвинение кое со текот на годините се менува и се надополнува. Подоцна како светот дознава за Сребреница, Младиќ се товари со нови обвиненеија.

„Откако Сребреница паднала во рацете на Србите во јули 1995 година, кои ја опседнале, изгледа се случил навистина огромен масакар врз муслиманите. Доказите кои ги изнесе Обвинителството опишуваат сцени од незамисливо дивеење врз илјадници машки муслимани кои се убиени и затрупани во масовна гробница, во кои се погребани живи мажи и жени, обесени се и заклани деца пред своите мајки, како и дедовци кои биле приморани да ги јадат органите на своите внуци. Ова се вистински сцени од пеколот и едни од најмрачните страници во историјата“, се вели во едно од соопштенијата на Обединетите нации од 1995 година.

Кога дознава за обвиненијата, Ратко Младиќ на 52 години е на врвот од својата моќ, а сега на 74 години ја дочека и пресудата во Хаг.

„Јас ги бранев мојот народ и мојата земја. Јас ниту сум ги убивал муслиманите поради тоа што се муслимани или Хрватите бидејќи се Хрвати. Не убивам ниту во Либија ниту во Африка сега“, велеше Младиќ во судницата во Хаг, бранејќи се против обвинувањата.

Младиќ е роден на 12.март 1943 година во област во Херцеговина. По завршувањето на основното образование, работи во „Тито Компанија“ како поправувач. Во војската влегува во 1961 година во училиште во Земун.  Тој одредено време работи и во воените канцеларии во Скопје, каде што бил најмладиот војник во единицата со која командувал.

Во 1992 година во мај станува командант на втората воена област на ЈНА со седиште во Сараево, по што станува командант на Главниот штаб при формирањето на војската на Република Српска.

На должност е до ноември 1996 година по што сменет е со указ на тогашната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ.

Оттогаш, Ратко Младиќ е во бегство иако беше офицер на Република Српска се до 2002 година кога заминува во пензија.

Една година пред тоа пак, со указ на Воислав Коштуница му престанува активниот статус како припадник на војската на Србија. До 2005 година зема и пензија, 10 години од распишувањето на потерницата и првото обвинение.

Уапсен е дури во 2011 година во селото Лазарево во Војводина каде што се криел кај свои роднини.  Се уште се нејасни причините како тој завршува во рацете на полицијата и за тоа има разни теории.

Ратко Младиќ во Хаг

Ратко Младиќ беше 15 години најбараниот бегалец на територија на поранешна Југославија, а беше и услов за Србија во својот евроатлантски пат, која мораше да ги уапси сите обвинети од Хашкиот трибунал.

Уапсен беше во 2011 годинас на 26.мај. И покрај тоа што тој и неговите адвокати тврдат  дека тој не смее да заврши во Хаг поради своето влошено здравје, сепак пет дена подоцна завршува во Хаг.

Судењето против него започна на 16 мај 2012, 16 години по првото обвинение.

геноцид злостосрства против човештвото Ратко Младиќ Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.