Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите лекари ја напуштаат државата, расте незадоволството кај останатите

0
By Менче Атанасова Точи on September 9, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекар, сопственик на приватна ординација во Македонски Брод година и пол бара да вработи уште еден лекар. Сопственикот на огласот нуди плата од 25 000 денари за докторот кој ќе се вработи во неговата ординација, но досега нема заинтересирани, тврдат за НОВА во Здружението на приватни лекари на Македонија.

Од Здружението велат дека младите лекари не се заинтересирани да се вработат во државата и масовно учат германски јазик за да се вработат во странство. Причината најчесто е во тоа што не се мотивирани финансиски, но и од лошите услови за работа во јавното здравство, реформите кои не им одат во прилог на лекарите и слично.

Само во последните две години од државата си заминале 280 лекари, говорат податоците до кои дошле од Здружението, но точниот број на доктори кои заминале од државата никој не го знае.

-Младите лекари не се мотивирани за да работат во државата. Масовно учат германски јазик и се подготвуваат за работа во странство. Еве, само од Велес во странство заминаа 30 лекари, а голем одлив на доктори има и во другите градови од државата, изјави за НОВА Лилијана Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Дервишова вели дека недостасуваат лекари од сите специјалности, како што се очни лекари, уролози, гинеколози. Таа вели дека и лекарите во приватните ординации не се мотивирани за работа бидејќи се што побарале надлежните, сите проекти кои се воведоа со реформите, тие ги прифатиле. Сега, кога тие имаат реални проблеми редно е државата да им помогне.

Лекарите бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра за матичните лекари, воведување на партиципација, како и да се зголеми надоместокот (капитација) што во моментот изнесува 50 денари по пациент.

-Откако ги изнесовме јавно нашите проблеми со кои се соочуваме, како и барањата им оставивме време од три недели на надлежните да реагираат. Досега никој од надлежните во здравството не реагирал, ниту не повикал на разговор, изјави за НОВА Чолакова Дервишова.

Иако пред еден месец од лекарите најавија протест со три часовно неиздавање на рецепти во септември, сега велат дека Управниот одбор дополнително ќе дискутира за оваа одлука.

Дека ситуацијата станува сериозна говорат и податоците на Синдикатот за здравство, според кои само во последните четири години земјата ја напуштиле околу 450 лекари, од кои 250 се лекари од општа пракса, а 200 специјалисти. Сепак, се смета дека овие бројки се далеку од реалните бидејќи многу од лекарите заминуваат без да ја известат
Лекарската комора, од каде што најчесто земаат потврда дека поседуваат лиценца за работа.

Од 2010 година досега 606 лекари од Лекарската комора побарале потврда за да заминат во странство. Меѓу нив има и лекари кои заминале на обука, на разни специјализации и семинари.

„Лекарската комора им издава документ пред да заминат во странство со кој се потврдува дека имаат лиценца за работа и дека против нив не се води спор пред судот на честа”, велат во комората.

Според резултатите од истражувањето на меѓународниот проект Хелтгрупер спроведено меѓу студенти на Медицинскиот факултет во Скопје во прва година, дури 60,6 отсто од нив „сакаат да се отселат од Македонија” по завршување на студиите, а 54,5 отсто би сакале да работат во приватно здравство. Претходно истражување покажа дека 57 отсто од лекарите имаат намера да заминат во странство. Дел од нив веќе заминаа во Кувајт, Обединети Арапски Емирати и Германија, а дел размислуваат и за заминување во Хрватска, каде по влезот во ЕУ почнува одлив на лекари во Германија, Велика Британија и во скандинавските земји, па многу места ќе останат празни.

Според неофицијални пресметки, државата губи по околу 100.000 евра за еден дипломиран лекар кој ќе замине од системот, а се губи и во квалитетот на здравствена заштита, бидејќи во странство најчесто заминуваат специјалисти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.