Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Младите размислуваат“ – нов петгодишен проект за медиумска писменост

0
By Ivana on November 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со новата концепција, медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставните програми по мајчин јазик, македонски, албански, турски, српски и босански. Секогаш кога е можно наставникот исто така има обврска да ја интегрира медиумската писменост со останатите теми и подрачја со цел да им овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во целата учебна година.

Во учебната 2021/2022 година новите наставни програми почнаа да се реализираат во прво и во четврто одделение и изучувањето на медиумската писменост постои во овие две одделенија и постепено се воведува во наставните програми и во погорните одделенија.

Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска на претставувањето на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“  за што носителите на активностите потпишаа Меморандум за разбирање.

Ова, како што рече, е еден сегмент од реформите во основното образованието, кои сметаме дека се од исклучителна важност за иднината на државата. Изрази уверување дека овој проект ќе ги даде своите резултати и ќе имаме можност да ги обучиме наставниците да пренесуваат знаења и вештини кај учениците, да ги пресретнуваат лажните вести и секогаш да се служат со вистински информации и критички да размислуваат.

-Воведувањето на медиумската писменост во новите наставни програми кои се имплементират од оваа учебна година треба да помогнат во создавање генерации кои имаат повеќе знаења и алатки за справување со лажните вести. Токму тоа е и одлика на силно демократско општество, граѓаните да имаат пристап до точни и навремени информации. Дополнително, учениците и граѓаните треба да имаат развиени вештини и информации што ги добиваат од различни извори. Во образовниот систем имаме обврска да ги обучиме да истражуваат од различни извори, кои не се секогаш точни или добронамерни, да ги анализираат, да ги поврзуваат со други информации, да размислуваат критички, рече Царовска.

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз изјави дека низ целиот свет дигиталните медиуми и печатените медиуми „се загадени“ од значителни манипулативни содржини. Дигиталните содржини, како што рече, во голема мера се под доминација на информации кои најчесто се неверификувани, сензационалистички или пак субвенционирани од политички или бизнис интереси.

Таа потсети дека Американската амбасада во земјава изминатите три децении ги поддржала независните и професионални медиуми, односно помогнале во подигнување на етичките норми и стандарди. Според неа, сега се прави нов чекор за публиката, со проектот „Младите размислуваат“.

-Медиумската писменост денеска значи многу повеќе, од колку само обична можност да читаш и да пишуваш. Таа во себе ги опфаќа способностите да пребарувате, критички да оценувате и да проценувате најчесто меѓусебно конфликтни информации за да се создаде дебата и да се одбрани мислење кое е базирано на факти и на докази, рече Брнз.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска посочи дека денеска се објавува почетокот на процесот на воведување медиумска писменост во основното и во средното образование во земјава. Информира дека МИМ ќе учествува во овој процес преку спроведување различни активности во основното и во средното образование, со поддршка од УСАИД и во координација со ИРЕКС, со Министерството за образование и наука и со Бирото за развој на образованието (БРО).

-Клучна задача за нас е преку овој проект наставниците во основното и во средното образование да се стекнат со знаења, вештини и образовни ресурси од областа на медиумската писменост и критичкот пристап кон информациите за тие да се изучуваат во наставните програми на формалниот образовен систем во нашата земја, рече Петковска.

Во наредните пет години МИМ заедно со МОН и со Бирото за развој на образованието ќе организираат обуки за наставници од основните и средни училишта во цела држава, ќе се обезбедат ресурси, пристапи за обука и материјали за подготовка на наставниците за да можат да ги едуцираат учениците, вклучувајќи прирачници за наставниците, збирки на вежби

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.