Речиси една четвртина од населението во Македонија се млади, кои се соочуваат со големи предизвици како младинската невработеност и мигрирањето.
„Ако на светско ниво, младите се застапени со 10 проценти во мигрирањето, во Македонија во 2012 година, 16 проценти од граѓаните коишто мигрирале во странство, постојано или привремено, се млади. Причината за миграцијата е различна, но генерално е водена од економски причини“, вели претседателката на Националниот младински совет Ивана Давидовска, на прес-конференцијата по повод Денот на младите
Давидовска вели дека без разлика кои се причините за мигрирањето, многу е важно на младите кои се вратиле во Македонија да им се даде шанса да се реинтегрираат и да ги употребат вештините што ги научиле во странство.