Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младоста во сенката на јавачот

0
By Нова ТВ on October 8, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младоста во сенката на јавачот

Тече вода, лавовите лаат, замрзнати копја, вриштат деца.
Старци без критеруим, селани без мудрост и овци
колку сакаш.
Клупите се глупи, погледите тапи. Ќе се насмее ли некој,
макар и од злоба?
Трогнати туристи и водичи на поводник
(поводливи: среќата им е на повидок).
Па група најневладина, која гласно се запраша:
а зошто Крале Марко не е на ниту еден постамент?
И Итар Пејо, и Загор и Чико, и Тихи и Прле…?
Паѓаат згради во погледи, се креваат кранови на небото,
ѕвездите плачат метеори, кометите се крајно предвидливи.
Ни месечината не е случајно на овој велелепен плоштад.
Страшна сценографија, не знае човек каде да гледа,
горе или долу? Зашто сè, буквално сè, е дел од
осмисленото сценарио на големите визионери
на универзумот Македонија.
На младите светот им останува, па дури и овој плоштад.
На сегашните клинци, деветолеткаши, гимназијалци…
На моите и ваши деца.
Како ќе го есапат, дали ќе му пресудат…?
Ние до тогаш треба само да ги воспитуваме:
да бидат чесни, хумани, храбри, непоткупливи –
онака како што децата и треба да се воспитуваат.
Да ги шетаме по светските метрополи и да
им помогнеме во создавањето
вистински естетски критериуми.
За другото ќе се погрижи времето.
А јас нема да им замерам,
па дури и да не го
кренат во воздух.

автор: Јовица Ивановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.