Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММА: Владата да подготви предлог измена на членот 102 од Законот за медиуми и да го достави до Собранието

0
By Нова ТВ on February 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, земајќи го во предвид речиси едногодишното живеење и работење во услови на светска пандемија, информира дека ја подржува Владата во однос на нивната иницијатива, за измена на членот 102 од актуелниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се забранува какво било користење на буџетски средства за какво било информирање преку приватните радиодифузери.

– Земајќи ја во предвид позитивната европска пракса, која дозволува и препорачува емитување на непартиски кампањи од исклучителен јавен интерес, како што се на пример кампањите за заштитните мерки од Ковид-19, во смисол држење дистанца, носење на маски и слично, сметаме дека како европската, така и домашната јавност мора на вистинит, но и навремен начин да биде информирана за теми и прашања од исклучителен јавен интерес кои имаат директен ефект врз македонските граѓани како на пример: антикорупција, борба против дезинформации и лажни вести, интеграција на земјата во ЕУ, борба за чист воздух и друго, се вели во известувањето од ММА.

Асоцијацијата на национални терестријални телевизии, се вели во известувањето, бара од Владата да подготви предлог измена на членот 102, кој истиот потоа ќе го достави до Собранието, по што очекуваат законодавниот дом да ја обезбеди посочената измена предложена од Владата.

– Бенефитот на ваквите кампањи треба и мора да го почувствуваме сите, независно на етничка, верска или политичка припадност, и најважно, нашите сограѓани заслужуваат да добијат едукација, но и вистинска, а не лажна и при тоа навремена, а не измислена информација за теми и прашања од исклучителен јавен интерес, од кои ние сите ќе имаме лична но и општествена придобивка, стои во известувањето.

Од ММА нагласуваат, дека кампањите од исклучителен јавен интерес, како што е на пример сегашната активност за имунизација на нашето население, нема никој право ниту пак смее да ги попречува да допрат до што е можен поголем број на наши сограѓани, на ефектен и правовремен начин, за што најдобар канал за пласирање на истите се националните терестријални ТВ канали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.