Меѓународниот монетарен фонд во среда доаѓа во Македонија, пренесува „Капитал“.
Под водство на новата шефица на мисијата, Ивана Владкова Хола, при првата посета на монетарците од Вашингтон, ќе извршуваат мониторинг на економските политики на земјата.
Освен редовните консултации што ги врши ММФ, посетата на монетарците е важна бидејќи се очекува да се изврши и ревизија на двегодишниот аранжман од Кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра.
Како што јавува „Капитал“, поради значајниот долг на земјата кон Фондот, ММФ ќе ги стави под лупа политиките на земјата, со особено фокусирање на макроекономските и структурни политики кои се релевантни за надворешната одржливост.
Се очекува претставниците на ММФ да остварат средби со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, со министерот за финансии, Зоран Ставрески, со банкарите и со бизнисмените од Македонија.