Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Многу приоритети и проблеми, малку пари – како се делат средствата за регионален развој

0
By Нова ТВ on March 19, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од изградба на патишта и училишта до поддршка на домашни и и странски инвеститори и развој на туризам. Бројни проекти се зацртани како таргет за финансирање во Стратегијата за рамномерен регионален развој, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Осумте плански региони во земјава чекаат пари од централно ниво преку повеќе извори – а како клучни и надлежни за спроведување на Програмата и Стратегијата за регионален развој се Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Дел од економистите и градоначалниците што ги консултираше “Порталб“ велат дека парите од државниот Буџет се добредојдени за локален развој – но колку реално се постигнуваат зацртаните цели?

 Парите за регионален развој – често „жртва“ на ребаланс на Буџетот 

Годинава преку Бирото за регионален развој за рамномерен регионален развој се проектирани средства во износ од 3 милиони евра. Преку ставката “Рамномерен регионален развој “ на Министерството за локална самоуправа пак издвоени се речиси 4 милиони евра, или вкупната сума за регионален развој преку овие два извори изнесува речиси 7 милиони евра. Парите се доделуваат на барање, односно аплицирање на локалните власти од осумте плански региони преку утврдени критериуми. Дел од градоначалниците велат средствата се добредојдени, но недоволни за да се постигнат повидливи ефекти.

-Парите кои преку централната доаѓаат до локалната власт секогаш се добредојдени, но прашање е колку навистина со тие наменски фондови се помага развојот на локално ниво. Како општина лани за изградба на пат од 1,9 километри добивме средства преку Програмата за регионален развој во висина од пет милиони денари а ние како општина учествувавме со десет милиони денари или сооднос 2:1. Годинава ни се одобрени меѓу 50 илјади и 60 илјади евра за набавка на ново комунално возило за потребите на општината, коментира градоначалникот на Гостивар, Арбен Тараври.

Оваа општина е дел од Полошкиот плански регион во кој, според Стратегијата за рамномерен регионален развој се утврдени бројни приоритети.

-Во Полошкиот плански регион како среднорочни цели се зацртани: подобрување на економскиот раст и развој преку поддршка на домашни и странски инвестиции, подобрување на конкурентноста, одржливо земјоделство рурален развој, модерна и современа инфраструктура, подигнување на степенот на социјален развој, се наведува меѓу другото во стратегијата.

Дел од економистите посочуваат на два сегменти кога се зборува за државна помош за локален развој.

-Важни се две работи – за колкав износ на средства зборуваме, односно дали тие можат навистина да донесат промени и како што се цели – да обезбедат економски развој на локално ниво и дали тие одвоени пари целосно се искористуваат. Сведоци сме дека со ребаланс на централниот Буџет се случува да се посегне по кратење на  ставките наменети за регионален развој и дополнително на крајот од буџетска година и средствата што биле планирани – да  останат неискористени, коментира економист и менаџер од Полошкиот регион.

Во 2018 година со Буџетот преку Бирото за регионален развој за рамномерен развој биле одвоени 1,9 милиони евра а преку Министерството за локална самоуправа 3,4 милиони евра, но со ребаланс на Буџетот парите од оваа ставка на министерството се намалени на 3,2 милиони евра.

Еден од таргетите во Програмата за рамномерен регионален развој се селата односно  рурални места со низок степен на економско-социјален развој.

-Со Одлуката за доделување средства за финансирање проекти за развој на селата во 2018 година се доделуваат 27 933 360 денари (скоро 455 000 евра) обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Доколку се утврди ненаменско трошење на средствата кои ќе бидат распределени, единиците на локална самоуправа потребно е истите да ги вратат во Буџетот, се наведува во Одлуката за доделување на овие буџетски пари.

Градоначалникот Тaравари вели дека токму селата, односно местата со низок степен на економски развој треба да бидат приоритет во проектите на локалните власти.

-Вкупниот буџет за рамномерен регионален развој не може да одговори на потребите на локално ниво. Имено, со парите кои се одбројуваат преку оваа програма не можеме да зборуваме за сериозен економски развој и инвестиции. На пример во Полошкиот регион има девет општини кои опфаќаат рурални средини и невозможно е со овие пари да се финансираат приоритетите во сите општини, објаснува градоначалникот  и додава дека во рамките на Полошкиот регион се внимава на рамномерна застапеност на сите општини но пред се предност се дава на руралните места кои се во надлежност на тие општини.

Со увид во Завршните сметки на буџетските години, податоците покажуваат дека во 2017 година преку Министерството за локална самоуправа за вкупниот рамномерен регионален развој биле одвоени 2,1 милион евра а потрошени 2,0 милиони евра. Во буџетската 2016 година  биле испланирани 1,6 милиони евра кои биле речиси сите реализирани. Според законската регулатива, за поттикнување на рамномерен регионален развој од Буџетот годишно се одвојуваат средства во висина од најмалку 1% од БДП, од нив 70% треба да завршат за финансирање на проекти за развој на планските региони, 20% за подрачја со специфични развојни потреби и 10% за финансирање на проекти за развој на селата.

Податоците од Акциониот план за спроведување на Стратегијата за регионален развој  2016-2018 година, покажуваат дека во овој анализиран период биле склучени договори за спроведување на 230 развојни проекти во вкупен износ од 4 милиони евра. Од нив за развивање на современа и модерна инфраструктура во планските региони се потрошиле 2,2 милиони евра, за поттикнување на економскиот развој 1,5 милиони евра а за искористување на иновативниот потенцијал и поттикнување на техничко-технолошка развиеност 32 000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.