Министерството за надворешни работи го осуди оштетувањето на грчките воени гробишта кај Валандово, за што реагираа од грчката Канцеларија за врски, по инструкции на шефот на дипломатијата Димитрис Аврамопулос.
„Министерство за надворешни работи на Република Македонија со жалење констатира дека непознати сторители ги оштетиле гробовите на грчки војници од Првата светска војна, во локалитетот на Валандово.
– Веднаш по добивањето на првичната информација, преземени се сите неопходни мерки со максимален ангажман од надлежните органи во државата за расветлување на случајот”, велат од МНР.
„Министерството за надворешни работи на Република Македонија, остро го осудува овој непримерен акт. Воедно истакнува дека добрососедските односи не можат, ниту пак ќе бидат заложници на изолирани акти на насилно однесување извршени од поединци”, се вели во реакцијата на македонското МНР.