Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР на Бугарија не коментира, ОМД бара отповикување на Рорабахер

0
By Нова ТВ on February 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи на Бугарија не ја коментира изјавата на американскиот конгресмен Дана Рорабакер за поделбата на Македонија.

– Ситуацијата на Балканот традиоционално е во фокусот на многубројни изјави за јавноста. Бугарија има принципиелна и конзистентна политика за европската и евроатлантската интеграција на сите држави од Западен Балкан, ја пренесува агенцијата БГНЕС изјавата од Министерството за надворешни работи во Софија во врска со предлогот на Рорабакер за поделба на Македонија меѓу Косово и Бугарија.

Грчките медиуми пренесувајќи го интервјуто на Рорабакер за „Визион Плус“ од Тирана коментираат дека „не е прв пат американскиот фактор да ја разниша дополнително тензичната клима во Скопје“, објавува Си Ен Ен на грчки јазик, потсетувајќи дека група републикански конгресмени го обвинија амбасадорот на САД Џес Бејли за мешање во внатрешната политика на државата.

Обединетата македонска дијаспора пак побара претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат Рорабакер од функцијата претседател на Поткомитет во Конгресот, бидејќи како што наведуваат во писмената реакција „со крајно неодговорниот напад против Република Македонија и повикот за нејзина поделба конгресменот уште еднаш се посрамотил сам себе, неговите гласачи и партија“.

Го повикуваат претседателот Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а Американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање на одговорност за конгресменот.

– Членовите на Конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од страна на одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација – држава, се вели во реакцијата од ОМД.

Претходно Стејт Департментот во изјава за Гласот на Америка на албански јазик укажа дека „САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и оваа позиција не е променета“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.