Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР нема податоци за македонски граѓани во Египет

0
By Менче Атанасова Точи on August 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден граѓанин досега не се обратил за помош во македонската амбасада во Египет, откако од утринава започнаа крворолевањата и хаосот во оваа земја, информираат за НОВА во МНР.

Во Министерството немаат податоци дали во моментот таму престојуваат македонски граѓани, особено што секој престој подолг од три месеци се пријавува и евидентира во конзуларниот оддел, велат во одделението за односи со јавноста.

Нема информации ниту дали во моментот таму престојуваат наши граѓани кои заминале во оваа земја во сопствена режија. Хорот на МНТ кој наредната недела требаше да патува таму, го откажа својот настап.

-Ние сме подготвени да им помогнеме на сите оние на кои им е потребна заштита, но искрено не веруваме дека во ваква ситуација наши граѓани престојуваат таму, велат за НОВА во оделението за односи со јавноста во МНР.

Од утринава, телефонските линии и интернет врските со македонската амбасада се многу отежнати. Сепак, од Министертвото велат дека успеале да стапат во контакт со амбасадорот Миле Манолев преку сателитска линија.

Манолев информирал дека амбасадата е безбедна, дека тој нормално ги извршува работите и засега нема потреба од негово повлекување. Манолев нагласил дека во Египет не е прогласена вонредна состојба, а опасноста е во регионот на двата кампа, каде што во текот на денот има големи немири и интервенција на полицијата.

Новинските агенции од утринава јавуваат за многу убиени, а Муслиманското братство вели дека има стотици загинати и над 8000 повредени во околината на двата кампа окупирани од симпатизерите на соборениот претседател Мохамед Морси во Каиро.

НОВА контактираше неколку туристички агенции од Македонија. Од таму велат дека аранжманите за Египет се откажани, а со оглед на ситуацијата граѓаните ова лето немаат интерес да патуваат на оваа дестинација.

-Немаме аранжмани за Египет откако пред еден месец стигна известување дека и агенциите од Белград ги отакжуваат патувањата и чартер летовите на оваа дестинација. Не верувам дека било која друга туристичка агенција од Македонија организирала летување таму, изјави за НОВА Мирче Пешевски сопственик на туристичката агенција Савана.

Истото ни го потврдија уште во неколку туристички агенции, кои инсистираа на анонимност, од каде потенцираа дека Египет не е веќе на листата на привлечни дестинации за летување. Од агенциите велат дека она што посебно ги загрижува е што во вакви ситуации Владата обично не интервенира за да организира летови со кои патниците ќе се вратат назад, туку тоа го остава на товар на агенциите кои имаат проблем да го реализираат тоа, а воедно губат огромни финансиски средства.

Ситуацијата во Египет се повеќе ескалира. Во македонското МРВ велат дека ја следат состојбата и се надеваат дека ќе се најде компромис и решение на кризата.

ВИДЕО: Египет денеска, Euronews

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.