Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: Новиот протокол со ЕУ со нови поволности за бизнисите за настап на европските пазари

0
By НОВА ТВ on October 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот протокол со ЕУ со нови поволности за бизнисите за настап на европските пазари Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, а на предлог на министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја донесе Одлуката за предвремена примена на измените на Протоколот за потекло на стоки од Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ со што се обезбедува правна основа за примена на ревидираните преференцијални правила за потекло на стоките од почетокот на месец ноември 2021 година.

Како што соопшти МНР, со промените од новите правила за потекло на стоки ќе бидат засегнати сите економски оператори и компании во нашава држава што се занимаваат со извоз. Со оглед на тоа што околу 85 отсто од целокупниот извоз на Северна Македонија се врши со земјите-членки на ЕУ и 24-те држави во Пан-евро-медитеранската зона (ЕФТА, Турција, ЦЕФТА, земјите од Источното партнерство и медитеранските земји), овие нови правила претставуваат своевидна револуција во надворешно-трговската размена.

Производителите во Северна Македонија ќе добијат големи можности за увоз на суровини без царина од трети земји и извоз на готовите производи во ЕУ, исто така, без царина. Придобивки ќе имаат сите индустрии, но најголеми ќе имаат компаниите што произведуваат технолошко современи производи, особено компаниите од автомобилската индустрија и компаниите во ТИРЗ. Големи погодности ќе имаат и компаниите од прехранбената и преработувачката индустрија. Новите правила за потекло на стоки им отвораат поголеми можности на компаниите да обезбедат поевтини суровини при создавањето на производите за овие пазари, имајќи предвид дека со оваа одлука се укинуваат царините на суровините за преработка, стои во соопштението на МНР.

Дополнително, со намалување на условот за процентот на додадена вредност од 60 отсто на 50 отсто како домашен придонес во создавањето на производот, се унапредува нивната позиција на странските пазари, стануваат далеку поконкурентни, но истовремено се создаваат услови и за нови странски инвестиции кои добиваат можности за извоз на овие пазари со далеку подобрени услови преку овие нови правила. Овие правила треба да ја олеснат економската интеграција на нашата држава на регионалниот економски пазар и консолидација и развој на интегрирани синџири на снабдување со земјите од регионот што ги применуваат новите преференцијални правила за потекло. Според анализите што се правени, според новите услови за потекло, нашиот извоз треба дополнително да се зголеми на годишно ниво за 6,3 отсто.

Несомнено е дека интеграцијата на Република Северна Македонија кон Европската унија, но и условите што Владата на Северна Македонија ги обезбедува за поволна клима за развој на овие односи имаат директно влијание на динамиката на развојот на нашата економија, индустрија и насочувањето на нашите трговски односи кон ЕУ, се додава во соопштението на МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.