Министерството за надворешни работи реагира на неофицијалните информаци поврзани со испраќањето дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва, а кои вчера беа објавени во медиумите.
По бурата од реакции во јавноста, откако излезе информација дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е предложена за нов генерален конзул во Њујорк, МНР денеска демантира.
„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, велат од МНР.
МНР вели дека во моментов Панев е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.