Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
– Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело, велат од министерството.
Од таму потсетуваат дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми.