Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОДЕМ:Провладините телевизии ги демонизираат Шарената револуција и СЈО

0
By Нова ТВ on June 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави петтиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните  телевизии.

– Најрелевантната тема во медиумското известување во овој период беа протестите на граѓанското движење „Протестирам“. Начинот на кој провладините телевизии известуваа за протестите го потврдува феноменот „протестна парадигма“, односно известувањето на медиумите за различни социјални протести е често насочено кон дискредитирање и маргинализирање на протестните дејствија или пак кон промовирање и фаворизирање на едната страна односно демонизирање и деградирање на другата страна во социјалниот конфликт. Колку повеќе социјалните протести се насочени кон промена на општествените услови, норми и политики толку понегативно тие ќе бидат претставени од медиумите. Ова е особено засилено во системи во кои медиумите се под силна политичко-идеолошка контрола.

Главната комуникациска стратегија на владејачката партија има за цел да ги замолкне, делегитимира и демонизира сите критички гласови, почнувајќи од најсилните кои доаѓаа од секојдневните собирања на граѓаните мобилизирани во Шарената револуција, до оние на претставниците на меѓународната заедница. И во овој период се чини дека „стравот“ на структурите на моќ од дејствијата преземени од Специјалното јавно обвинителство предизвика оваа институција да е предмет на најсилни напади и дискредитации.

Ако е против власта, не е ниту граѓанско, ниту народно – Телевизиите со провладина ориентација (Сител, Алфа, Канал 5 и ТВ Нова), во врска со движењето „Протестирам“ и протестите од Шарената револуција, упорно и синхронизирано ја повторуваа фразата „хулиганите на СДСМ и на Сорос“. За разлика од тоа, контрапротестите на движењето ГДОМ беа нарекувани „граѓански“ и собири на „народот“. Од друга страна, неутрално-критичките телевизии многу поретко известуваа за собирите на ГДОМ и почесто за протестите од Шарената револуција. МРТ на своите два сервиси известуваше информативно и балансирано за двете движења.

Релативизирање на повиците на меѓународната заедница за поништување на аболицијата и за решавање на кризата – Известувањето за политичката криза беше интензивно и вклучуваше прилози што се однесуваа на подготовките за избори, аболицијата, економските последици од политичката состојба, како и за ставовите и за активностите на меѓународната заедница како обиди да најдат решение за внатрешните политички проблеми. Провладините телевизии интензивно пренесуваа и мислења на поединци-европарламентарци, актуелни или поранешни политичари, или претставници на неформални политички организации, кои изразуваа целосна поддршка на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се создаде слика дека нема единствен став на меѓународната заедница во врска со случувањата во Македонија.

Нема граници во демонизирањето на СЈО – Специјалното јавно обвинителство од провладините медиуми беше обвинувано за смртта на Коста Крпач, кој беше на листата на аболицирани, а од СЈО тврдеа дека им бил сведок, а не осомничен.

Заклучоците и согледувањата изнесени во овој извештај се добиени врз основа на квалитативна анализа на 11 програми на вести и 38 изданија на 11 различни актуелно-информативни емисии на јавниот сервис (МТВ1 и МТВ2) и на 7 приватни телевизии (Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, 24 вести и ТВ21), се вели во петтиот месечен извештај од следењето на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните  телевизии на ИКС.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)“, кој има за цел да утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди во известувањето за политичките актери утврдени во Кодексот на новинарите на Македонија и во кодексите на меѓународните организации во текот на предизборниот период.

На следниот линк е целосниот извештај на ИКС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.