Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОФ: 25.00о потписи против екстерното тестирање

0
By Нова ТВ on July 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Над дваесет и пет илјади граѓани ја поддржаа петицијата на Младински образовен форум (МОФ) со која од надлежните институции се бара овогодинешното екстерно тестирање да се прогласи за пробно. Петицијата на која стојат потписи на 25 378 ученици, родители, професори и загрижени граѓани денес беше предадена во Министерството за образование и наука, заедно со анализа за овогодинешното и препораки за идната имплементацијата на екстерното тестирање.

На петицијата и претходеа анализи, писма до институциите, прес-конференции и препораки за прогласување на екстерното тестирање за пилот-тестирање и негово усовршување за имплементација во следните учебни години. Со оглед на тоа што сериозните пропусти при спроведувањето на тестирањето, законските прекршувања и недоследности, конфузно поставените цели и укажувањето на последиците од истите не се покажаа како доволни за институциите да ја прифатат оваа препорака, МОФ се обрати кон граѓаните за поддршка во овој процес.

Во текот на десетина дена, се покажа дека ставот овогодинешното екстерно тестирање да се прогласи за пилот, со свои потписи го потврдија 25 378 граѓани од 17 градови.

Со оваа петиција, МОФ и граѓаните се обраќаат до институциите со следниве барања:

– Да го почитуваат и застапуваат ставот на граѓаните кои побараа ова тестирање да се прогласи за пробно;
– Да се заложат во периодот кој следи да се направи сериозна анализа на ефектите, пропустите и придобивките од екстерното тестиарање;
– Да повикаат на отворање на јавна дебата со засегнатите страни за да се унапреди екстерното тестирање за следните години;
– Да се заштитат учениците кои оваа година го полагаа тестирањето од штетите од прекршените рокови, техничките, програмските и законските пропусти и недоследности со прогласување на ова екстерно тестирање за пилот; и наместо да се бараат ад хок решенија за проблемите кои се појавуваат, кон истите да се пристапи со намера за трајно решавање.

Имајќи во предвид дека Министерството за образование ги потврди пропустите во техничкото спроведување и во дел од проецедурите на екстерното оценување годинава, а воедно и најави дека ниту еден ученик нема да биде оштетен, повеќе од корисно за образовниот процес ќе биде доколку тестирањето оваа година се прогласи за пробно.

Имајќи во предвид дека Министерството за образование ги потврди пропустите во техничкото спроведување и во дел од проецедурите на екстерното оценување годинава, а воедно и најави дека ниту еден ученик нема да биде оштетен, повеќе од корисно за образовниот процес ќе биде доколку тестирањето оваа година се прогласи за пробно.

Во текот на минатите недели, до Државниот управен инспекторат и Државниот просветен инспекторат беа поднесени претставки поради непочитување на законски предвидениот рок од 7 дена за објавување на листите со предмети за полагање и неговото скратување на 4 дена и заради непочитување на предвидениот рок за поднесување приговори по однос на објавените резултати во износ од 3 дена и негово кратење на 2 дена. Сé уште чекаме соодветена постапка и одговор од институциите.

Екстерното тестирање кое се спроведе оваа година имаше несоодветно поставени цели во споредба со земјите каде се практикува вакво тестирање, се спроведе со прекршување на роковите во законската рамка или недоследности во истата, нефер критериуми и основи според кои учениците можат да поднесат приговор и други недоследности. На техничко ниво, тестирањето беше проследено со проблеми со системот, прашања кои не се отвораат, цели паралелки кои добиваат недоволни оцени по еден предмет, прашања со повеќе или ниеден точен одговор, па дури и пробиени тестови.

ИЗВОР: Радио МОФ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.