Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини спремна да и помогне на Македонија да ја реши кризата

0
By Светлана Јовановска on March 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Федерика Могерини е спремна да ги следи препораките на Европскиот парламент (ЕП) кој од неа побара да помогне да се најде излез од оваа политичка криза. Истовремено комесарот Јоханес Хан предупреди дека без решение на кризата Македонија ќе ја загуби европската перспектива.

На прашањето на НОВА Могерини одговори дека Македонија се наоѓа на агендата на ЕУ и таа, заедно со комесарот Хан работи врз Балканот и врз Македонја која е една од “земјите клучни за регионот”.

“Ги прочитав препораките на Европскиот парламент, ја следам дебатата и спремна сум тоа да го следам заедно со комесарот Хан. Нашата работа на Балканот е координирана и сигурна сум дека ќе остане на нашиот дневен ред”, рече Могерини.

На прашањето дали во Македонија е можна нестабилност поради оваа се подлабока криза, Могерини даде нејасен одговор: „Кога станува збор за прашањето на нестабилност, се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност“. НОВА побара објаснување од кабинетот на Могерини кои ќе биде објавено штом пристигне.

Комесарот Јоханес Хан додаде дека е во редовен контакт со македонските лидери и дека лидерите ја прифатиле понудата на ЕП за посредување во кризата. Но, според Хан, најголемиот дел од работата лежи врз македонските политичари и партии како и судството и правната држава.

“Двете страни треба да направат чекори, треба да ја почитуваат правната држава, треба да го почитуваат судството, треба да ја почитуваат слободата на медиумите и треба да имаат исти политички стандарди во однос на работата на парламентот како што тоа е случај во други земји. Од тие причини еминентни пратеници од Европскиот парламент исто така рекоа дека се спремни да арбитрираат помеѓу различните партии во земјата”, рече Хан.

Конечно тој предупреди дека сега се чекаат следните чекори во Македонија, но, додаде тој “за да може да се задржи европската перспектива навистина е неопходно проблемите да се решат во земјата и да се вратите назад на адекватните меѓународни и европски стандарди”.
Накусо, Хан предупредува дека Македонија ќе ја загуби препораката за преговори за членство доколку не успее на демократски начин да се извлече од оваа криза.

Европскиoт дипломат со кој НОВА разговараше вели дека ситуацијата во земјата е многу сериозна и загрижувачка. Токму од тие причини претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер ја откажал закажаната посета на Никола Груевски во Брисел: “Морам да признам дека прв пат се случува да се откаже одамна закажана посета на еден премиер кај првиот човек на ЕК и тоа поради загрижувачка политичка ситуација”, вели овој дипломат.

Се разбира се случува да се откажуваат високи официјални посети од различни причини како презафатеност или болест. Посетата на Груевски кај Јункер била закажана како дел од вообичаената агенда на самиот почеток на мандатот на Јункер на 1 ноември 2014 година.

Но во случајот на Македонија средбата се откажа поради политичката ситуација и таа не беше презакажана. Во случај на откажување на средба поради горенаведените причини средбата доста брзо се презакажува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.