Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мој термин и за тутунарите во струмичко

0
By Томе Христов on December 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни испраќаат преку откупните пунктови во населените места термин кога да го носиме тутунот, не направија како пациентите во здравството кои имаат мој термин, велат тутунопроизводителите од струмичкото село Костурино.

Тие се заканија со протест доколку вака продолжи проценката на тутунот и ваквиот однос на откупните фирми. Струмичките тутунари велат дека откупувачите си поигруваат со нивниот труд и производство од годинашнава реколта. Се жалат на нереална проценка, и огромни одбитоци.

„Принудени сме веќе да не садиме тутун, Владата треба да преземе нешто, бидејќи ние сме сигурни дека откупувачите ќе ни го земаат тутунот по трета и четврта класа“, вели тутунар од селото Костурино.

„Министерството направи да склучуваме договор само со еден откупувач каде што ќе го носиме тутунот. Мене ми стигна термин денеска да однесам 450 килограми тутун, а останатите 550 да ги предадам во јануари. Но што ќе остане од тутунот до јануари знаејќи ги временските услови, целта е да ни го земат за џабе, вели Стојан од Костурино.

Тутунарите се жалат дека висококвалитетниот тутун кој го имаат, откупувачите им го пресметуваат во трета и четврта класа со цена од 55 до 130 денари. Дел од тутунарите по втор пат го носеле тутунот на откупните пунктови. Им го враќале поради преголема влага.

„На секоја бала тутун од 17 килограми ни одбиваат по 2 килограми, ни одбиваат за песок, за влага и останува по 12 до 13 килограми од бала. Замислете на 1.000 килограми ни одбиваат по 100 килограми исушен тутун, кој ние треба да го береме цел месец, а тоа е еден декар тутун, додаваат револтираните тутунарите.

Во струмичко се очекува родот да тежи околу 3.000 тони тутун, иако надлежните бараа годинешново производство да се намали заради препораките на Светската здравствена организација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.