НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо

0
By Ана Василевска on March 24, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија.

Ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска на симпозиумот кој по повод половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз се одржа вчера на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).Според неа, сето ова нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција.

И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО, порача Мојсова-Чепишевска.

Во своето излагање таа детално се осврна и на она што претставува овој Лекторат за врските меѓу македонската и француската културна и академска средина од неговото формирање па наваму и особено за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Одделно ги акцентираше остварувањата и во првите години по отворањето на Лекторатот, меѓу кои се и Деновите на македонската култура одржани неколку години по отворањето на Лекторатот и значајните книжевни преводи од македонски на француски јазик остварени во тој период.

„Ова е показ дека многу се остварило веќе во првите години по отворањето на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО и дека токму тој Лекторат станува средишна точка на врските меѓу француската и македонската културна и академска средина, но и почетна точка на една нова ера на присуството на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Ама, тоа не е така само во тие, први години по отворањето на Лекторатот, туку и во децениите потоа“, нагласи Мојсова-Чепишевска по деталното осврнување на постигнувањата за афирмација на македонистиката во француската средина во периодот по отворањето на Лекторатот.

Споредено со развојот во други европски академски средини, како што посочи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, македонистиката на ИНАЛКО се развива со забрзано темпо. Притоа, студиите по македонистика на ИНАЛКО не само што покажуваат континуитет, туку насочуваат и кон развој. За присуството на странската македонистика во Европа, особено значајно е што сега, на овој Лекторат, македонскиот јазик се изучува како главен предмет и што студентите можат да се стекнат со дипломи на сите три нивоа, до докторат. Тука е и првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја, на која наставата ја изведуваат проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро и сегашниот лектор, м-р Ѓоко Здравески, кој, како што нагласи Мојсова-Чепишевска, чекори по стапките на првиот лектор, проф. д-р Алекса Попоски и на лекторите што по него се вложуваа во развојот на француската македонистика.

„Работата на овој македонистички центар е еден од вистинските примери како треба да се работи и на кој начин треба да го насочуваат својот развој и други лекторати и странски универзитетски центри каде се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура“, нагласи Мојсова-Чепишевска во своето излагање на ИНАЛКО.

Таа се осврна и на влогот на Ацо Шопов за воспоставувањето и развивањето на македонско-француските културни врски на современ план, заради кој на чествувањето на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик во Париз, одделно внимание се посвети и на делото на овој великан на македонската литература и култура, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Притоа потсети и на значајноста на неговите престои во Париз пред отворањето на Лекторатот, но и на остварувањата во годините потоа.

Шопов е оној кој даде вистински влог во поврзувањето на двете култури – македонската и француската. Треба да имаме предвид и дека по објавувањето на збирката „Гледач во пепелта“, кога Шопов е амбасадор во Сенегал (1971-1975) и се среќава со Африка, не само што ја запознава африканската култура, туку преку францискиот јазик дава свој влог во франкофонијата… …Не треба да заборавиме и дека во неговата поетска книга „Дрво на ридот“, во која „Македонија е во светот, а светот во Македонија“, Шопов, токму со песната „Во еден од центрите на Париз“ ни го остави и аманетот за врските меѓу македонската и француската култура, посочи Мојсова-Чепишевска.

На симпозиумот по повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот  Лекторатот по македонски јазик во Париз, на ИНАЛКО имаше ученици од седум држави: странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

Заеднички со почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, македонските учесници ја испратија пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. На Симпозиумот кој е и уште една потврда на добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО се поттикнаа и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, кои се очекува да бидат значаен придонес во развојот на интересот за македонскиот јазик, литература и култура во француската и воопшто во европската академска и културна средина.

Весна Мојсова Чепишевска македонистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.