Срого формална средба на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со еврокомесарот Штефан Филе.
Ниту една од страните во разговорите не ги спомена актуелните политички случувања во земјава, како тема за која станало збор на средбата. „Се разговараше за низа прашања“ е единствената порака од Брисел.
Нема официјално известување кога Филе повторно би ја посетил Македонија но од неговиот кабинет брифираат дека тоа ќе биде наскоро.
Денешната агенда на шефот на дипломатијата Никола Попоски, кој од вчера е во посета на Брисел, предвидува низа средби со цел – обезбедување поддршка во пресрет на пролетниот извештај на Европската комисија за земјава.
Предвидени се средби со европратениците Роучек, Кукан, Свобода, Јанаку, Тенок, Нејнски, Вигенин, Брок и Подимата.