Младо момче се запали денеска во центарот на Тунис, неколку часа пред туниските пратеници да гласаат за доверба на новата влада, чија задача е да ја извлече државата од длабока политичка криза.
Со тешки изгореници, но се уште при свест, момчето било пренесено во болница.
-Јас сум момче кое продава цигари бидејќи не можам да најдам друга работа, извика момчето пред да се самозапали на авенијата Хабиб Бургиба пред зградата на собранието.
Бројот на луѓе кои се одлучуваат на самоубиство зголемен е во Тунис откако млад уличен продавач се запали на 17 декември 2010 година во знак на протест поради малтретирање на полицијата.
Смртта на Мухамед Боазизи во градот Сиди Бузид покрена масовен бунт со кој во наредниот месец беше отстратен поранешниот диктатор Зин ел Абидин Бен Али.