Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моментумот за покачување на платите од 18.4% не е реален, смета Тренчевска

0
By Ivana on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма истакна дека социјалниот дијалог со синдикатите треба да продолжи се додека не се најде соодветно решение. Таа рече дека две средби се малку за решавање на толку важно прашање.

Министерката се осврна на растот на платите на вработените во градинките што ги направи оваа Влада.

„Во 2017 година, платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна  плата е 19.560 денари, а во 2017 година негователот земал плата 14.493 денари,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека согласно колективниот  договор потпишан во 2019 година, меѓу МТСП и СОНК, сите барања се исполнети, а со потпишувањето на нов колективен договор ќе се предвидат сите барања доставени од синдикатите, како  работното  време за приправниците и кариерен развој, нешто на што министерството работи во моментов, со цел обезбедување на поголеми права за вработените во градините.

Во однос на приправниците, министерката рече дека согласно колективниот договор се работи за работна позиција и таа позиција не треба да се врзува со значењето на приправник согласно Закон за работни односи.

Таа појасни дека со обезбедување на место согласно систематизацијата на работни места, приправникот се искачува место погоре. Како и дека сите оние приправници кои ги исполниле условите, согласно закон и колективен договор, имаат согласност од министерството да се искачат за место погоре.

Во врска со досегашното преговарање Тренчевска истакна дека на средбите се разговарало за воспоставување на систем на плати во јавен сектор, кој би се договарал заеднички, целта е  платите да имаат постојан раст. Како и  усогласување на платите со пораст на просечна плата и трошоци на живот.

„Во овој момент треба да се насочиме кон економијата, покачувањето од 18.4% не е соодветно во време на економско-енергетска криза, кога Владата изминатиов период ја донесе минималната плата, ги покачи пензиите и донесе пакет антикризни мерки. Моментумот за покачување на платите од 18.4% не е реален,“ рече Тренчевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

ВЕСТИ October 18, 2025

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат…

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.