Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Францускиот јазик ќе се изучува како изборен предмет во петто одделение во училиштата каде што има интерес

0
By Marija Todorovska on May 27, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет и пет основни училишта од следната учебна година ќе имаат можност да го воведат францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку кај учениците постои интерес за негово изучување. Ова е предвидено во анексот на меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Француската амбасада, што денеска го потпишале министерката Весна Јаневска и амбасадорот Кристоф Ле Риголер.

Како што соопшти МОН, за министерката Јаневска е „потврда на пријателството помеѓу двете земји, кое продолжува да се развива“ продлабочувањето на соработката за поголема промоција на изучувањето на францускиот јазик и унапредување на наставата по француски во македонскиот образовен систем.

Го поддржуваме изучувањето на францускиот јазик, имајќи предвид дека тој е меѓу најкористените јазици во глобалниот свет, како и тоа дека сме Влада која поттикнува јазична различност. Придобивките од познавање на јазици различни од мајчиниот, се повеќекратни. Тоа овозможува да се градат мостови помеѓу народи и култури, а јазичните вештини во денешно време се и суштински фактор за успешен настап на пазарот на трудот, како што се и дигиталните вештини, истакнала Јаневска.

Според неа, „младите од Македонија кои ќе го совладаат францускиот јазик, преку комуникација ќе имаат можност и за поголема афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и културно наследство“.

За квалитетна и интересна наставата по француски јазик во петто одделение, Бирото за развој на образованието подготвува наставна програма за овој изборен предмет, информира Министерството за образование и наука.

изборен предмет МОН француски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.