„Со евентуално доделување на просториите во кои во моментот е сместено Бирото за развој на образованието, ФИНКИ ќе се смести во објект кој не исполнува услови за реализација на наставно научен процес, а од друга страна БРО како институција која врши стручни работи од значење за развојот и унапредувањето на воспитанието и образованието во државата ќе остане без просторни услови за обавување на законските надлежности. Така што, МОН не гледа трајно решение во идејата иницирана од високообразовната установа“, велат од Министерството за Мета.мк.Од таму велат дека ФИНКИ ќе добие зграда во склоп на општествениот кампус на УКИМ, но изградбата во моментов е стопирана. Објектот кој требаше да стане дом на ФИНКИ почна да се гради пред повеќе од осум години, но остана недограден, откако во јули 2019 фирмата-изведувач „Бетон-Штип“ отиде во стечај.
Извор: Мета.мк