Еден од најпознатите театарски режисери на денешницата, Александар Морфов, денеска беше прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот ЕСРА во Скопје.
Тој за “Новатв.мк“ говори за културните односи меѓу Бугарија и Македонија и вели дека кога ќе види екстремно третирање на разликите – знае дека се работи за политички нарачки.