Published: Monday, December 22, 2025 09:53
Руски генерал е убиен утрово во експлозија на автомобил бомба во Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија, пренесува АП.
Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на Дирекцијата за обука на рускиот Генералштаб, е убиен, соопшти комитетот.
Според истиот извор, една од можностите што се истражува е дека бомбата била поставена од украинските тајни служби.
Според Некста, силната експлозија се случила покрај станбен комплекс. Направата, која била поставена под автомобилот, експлодирала штом Сарваров го запалил возилото.




