Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: До 18 часот 46,17% излезност, скршена кутија, фотографирање ливчиња

0
By Нова ТВ on April 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните во текот на целиот ден најчесто се јавувале за да се пожалат дека видливото мастило многу лесно се брише од прстот и дека ИО на глас ги читале имињата на гласачите, соопштуваат од Граѓанската асоцијација МОСТ.

На Гласачкото место 1234 во општина Неготино во 17:10 часот еден гласач ја скршил гласачката кутија, по што гласањето било прекинато. Во Шуто Оризари на ГМ 2966/1 дошло до инцидент помеѓу Амди Бајрам и Радмила Шеќеринска , по што интервенирала полицијата.

На гласачкото место 419/1 во општина Гостивар се забележани 7 случаи на семејно гласање при што гласале 16 лица, исто е забалежано и на ГМ 2971 во општина Шуто Оризари каде имало 10 случаи на семејно гласање, при што вкупно гласале 20 лица.

Во МОСТ информираат дека во Тетово на гласачко место 1949 еден гласач го фотографирал гласачкото ливче на што ИО не реагирал, иако било очигледно дека и другите присутни го забележале тоа. Пред средното училиште “Моша Пијаде” во Тетово забележани се лица кои водат кампања за бојкотирање на гласањето.

Во Липково на гласачкото место 1111/1 еден од акредитираните набљудувачи не му дозволил на еден гласач да гласа. Тогаш дошло до вербална расправија помеѓу нив која продолжила надвор од гласачкото место, по што интервенирала полицијата.

Пред гласачкото место 0736 во општина Кичево, како и пред 0346 и 0349 во општина Гевгелија забележани се лица кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат во гласачкото место. На гласачкото место 0309 во општина Виница евидентирањето го вршат активисти на политичка партија. На ова реагирала Општинската изборна комисија по што активистите биле отстранети од пред гласачкото место.

Гласно читање на имињата имало на гласачките места 1578, 1582, 1596, 1618 во општина Радовиш, на гласачкото место 0376 во општина Богданци, како и во 0932 во општина Кратово.

На гласачкото место 1865 во општина Струга имало отвор на гласачкиот параван со што била загрозена тајноста на гласањето. Во Штип на гласачкото место 2277 едно лице се претставило како набљудувач на МОСТ и му било дозволено да го набљудува процесот иако немало ниту акредитација од ДИК, ниту овластување од МОСТ.

Во Дебар на гласачкото место 0555 набљудувач на еден подносител на кандидатска листа помогнал на 5 лица кои не можеле да гласаат сами. Тој бил опоменат од ИО, но сепак продолжил со ваквата практика. Во општина центар на гласачко место 2850 еден гласач јавно го покажал гласачкото ливче пред да го стави во гласачката кутија.

Според податоците на МОСТ добиени од ПВТ програмата, односно од паралелно пребројување на гласовите, одѕивот на гласачите до 14 часот е 31,03%, до 15 часот е 35,22%, до 16 часот е 38,9%, до 17 часот е 42,4% и до 18 часот е 46,17%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.