Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ и меѓународната заедница со апел за фер и слободни избори

0
By Нова ТВ on April 26, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската асоцијација МОСТ одржи прес конференција на која го презентираше изгледот и распоредот на своите набљудувачи, како и начинот на известување од денот на изборите 27 април. Соопштението на МОСТ го пренесуваме во целост:

Вториот круг од Претседателските и Предвремените парламентарни избори 2014, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи со 1712 набљудувачи, број со кој ќе се покријат исто толку гласачки места во Република Македонија. Со овие набљудувачи на МОСТ се покриваат 50 проценти од гласачките места во целата држава, односно 50 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина.

Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 84 мобилни тимови од двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено оние места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Покрај гласањето на 27 април, денес МОСТ го набљудува и предвременото гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени лица, лица во затвор и лица во куќен притвор.

Граѓанската асоцијација МОСТ на денешната прес конференција, заедно со претставниците од меѓународната заедница, упати апел за одржување на фер, слободен и мирен изборен ден. Г-динот Дарко Алексов истакна дека МОСТ верува дека учесниците во изборниот процес ќе покажат демократска култура, а граѓаните во недела ќе можат слободно да ја изразат својата волја.

Во таа насока беше и изјавата на Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Р. Македонија, г-а Гудрун Штајнакер, која изјави: „ Ве повикувам во недела секако да излезете на гласање. Искористете го Вашето право што Ви е загарантирано со македонскиот устав да ги изберете Вашиот претседател и Вашата влада. Вашата одлука донесете ја слободно и независно. Гласајте за претседателот, за кој сметате дека најдобро ќе ја претставува Вашата земја и гласајте за партијата за која Вие, и само Вие самите, сметате дека е најдобра за да владее со Вашата земја. Не дозволувајте ниту поединци ниту пак некоја организација да влијае и да Ве импресионира при донесувањето на Вашата одлука. Вашата иднина е ставена на коцка. И Вашата одлука решава за иднината на Вашата земја.“

Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Р.Македонија, г-дин Кристофер Ивон пак истакна: „Позитивната меѓународна оценка за изборниот период може да го потенцира кандидатскиот статус на Македонија за ЕУ и дополнително да ја демонстрира нејзината подготвеност за започнување на пристапните преговори со ЕУ. По завршувањето на изборите, за зачувување на македонскиот демократски кредибилитет, ќе биде потребна посветеност од сите политички партии да земат учество во вистински политички дијалог и да покажат цврсто почитување на демократските институции.“

На него се надоврза и Амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, г-дин Стефано Лазарото, кој посочи: “Швајцарија е силно посветена во поддршката на процесите на демократизација во Македонија. Граѓанското учество во политичкиот живот на една земја, е еден од предусловите за добро функционален демократски систем. Искористете го ова фундаментално демократско право. Би сакал на сите граѓани на Македонија да им посакам слободен, мирен и пријатен ден на избори.“
За крај, МОСТ уште еднаш напомена дека жолтите маици, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Мониторинг 2014“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, се препознатливиот белег на граѓаните, кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години и затоа МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица и овластување исклучиво од овие избори.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни на кое избирачко место гласаат, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите, МОСТ ќе ги соопшти на јавноста на четри конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 14 и 19 часот. Дополнителна конференција ќе биде одржана по пребројувањето на гласовите.

Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и Предвремените парламентарни избори 2014 “ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ и е поддржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој и Амбасадата на Кралството Норвешка од Белград, Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.