Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Неправилности, прекини во гласањето и семејно гласањe

0
By Нова ТВ on April 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ од почетокот на гласањето за вториот круг на локалните избори, што се одржуваат денеска, евидентирале неправилности со прекин на гласањето, случаи на семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба и невидливо мастило.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов на прес-конференција информира дека на гласачкото место 0845 во општина Кочани гласањето било прекинато од 8:20 до 10:20 часот поради тоа што во Избирачкиот список недостигале 5 листа. Гласањето продолжило откако ОИК донел нов извадок на Избирачкиот список. Гласањето на ова место по 19 часот ќе биде продолжено за два часа.

Едночасовен прекин на гласањето е регистрирано и на гласачкото место 1734 во општина Струмица, откако гласач при обид да го пушти ливчето во кутијата, го искршил нејзиниот капак. Повикани биле ОИК и полицијата, по увидот капакот бил сменет и е одлучено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место региструрани се неколку истрели во воздух.

На гласачкото место 1917 во Велешта, општина Струга, набљудувачите на МОСТ забележале 32 случаи на семејно гласање. На гласачкото место е забележано и присуство на неовластени лица, четири случаи на јавно гласање, како и во три наврати едно исто лице гласало во име на девет други.

Забележани се повеќе случаи на семејно гласање и на гласачки места во Гостивар. На гласачкото место 0510 во таа општина се регистрирани 22 случаи, како и 20 на местото 0434 и 11 на гласачкото место 0506.

Прекин од 40 минути во гласањето е регистрирано и на гласачкото место 0406 општина Гостивар, откако зад параванот било најдено гласачко ливче. Повикана е ОИК и по нивно доаѓање на гласачкото место е разрешен претседателот на избирачкиот одбор. ОИК дала инструкција по завршување на гласањето да се одлучи дали гласачкото ливче ќе биде важечко или не.

На гласачките места 0071 и 0072 во општина Битола, како и 0518 и 0519 во општина Гостивар, членовите на ИО не ги носеле потребните беџови, а на гласачките места 1730 во општина Струмица и 0372 и 0373 во општина Богданци, на глас се читале имињата на гласачите.

На гласачкото место 2573 општина Ѓорче Петров, гласач го сликал ливчето со телефон по што реагирал ИО и ливчињата се прогласени за неважечки, додека на гласачкото место 1949 во општина Тетово, забележани се 18 случаи на некористење УВ ламба, 34 случаи на некористење невидливо мастило, како и 24 случаи на семејно гласање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.