Невладината МОСТ информира за нерегуларности на изборите во Центар, како и прекин на гласањето во општина Долнени.
Во соопштението на МОСТ се вели:
-Во општина Центар забележан е расфрлан пропаганден материјал со дезинформации за денот на одржувањето на изборите.
Прекин на гласањето од 20 мин на гласачко место 1490 во општина Долнени. Имено, болно и изнемоштено лице дошло да гласа со придружба по што реагирал партиски набљудувач и не дозволувал лицето да гласа на тој начин. Иако, избирачкиот одбор рекол дека се е во ред набљудувачот продолжил да се расправа со нив по што била повикана полиција. По прекинот од 20 мин гласањето продолжило.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080, информира невладината МОСТ.