Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Во Центар гласале сомнителни жители

0
By Нова ТВ on April 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше гласањето на 21-ви април со 130 набљудувачи кои беа распоредени на 29-те гласачки места во општина Центар, 9-те гласачки места во општина Струга, како и едното гласачко место во општина Ѓорче Петров. Набљудувачи на МОСТ, исто така го следеа и вториот круг на гласање на 20 гласачки места од вкупно 39 гласачки места во општина Долнени.

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 6 регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 21-ви април беше спроведено ефикасно, но во одредени избирачки места и надвор од нив, во тензична атмосфера која не придонесува кон градење на демократска култура и позитивен имиџ за изборниот процес во Република Македонија.

Како и во претходниот изборен круг, на одредени избирачки места во општина Центар се појавиле лица за кои имало сомневање дали живеат во општината. Сепак, фактот што Избирачкиот список повторно предизвика проблеми, а со тоа и недоверба во целокупниот изборен процес, укажува на потребата од итна интервенција која ќе придонесе кон отстранување на сите аномалии во Избирачкиот список, како и утврдување на одговорноста за евентуалните пропусти при ажурирањето на истиот.

Институциите надлежни за ажурирање на Избирачкиот список се: Министерството за внатрешни работи, основните судови (во делот на обезбедување податоци за деловно неспособни лица и лица во куќен притвор), Државниот завод за статистика, а Државната изборна комисија е формално надлежна за неговото водење.

Во текот на денот во општина Центар беа забележани случаи на обиди за манипулација на граѓаните за денот на одржување на изборите, обиди за демотивирање и обесхрабрување на граѓаните да излезат и да гласаат преку саботажи и методи кои воопшто не придонесуваат кон градење на демократска култура и позитивен имиџ за изборниот процес во Република Македонија.

Што се однесува до останатите општини во кои се спроведуваше гласање, во општина Долнени е забележано семејно гласање, додека пак на избирачките места во Струга и Ѓорче Петров гласањето генерално се одвиваше без нерегуларности.

Во однос на одлучувањето по приговорите за вториот изборен круг, овој пат Државната изборна комисија го поправи впечатокот од првиот изборен круг и беше конзистентна во одлучувањето по истите. Но, истото не може се каже и за Управниот суд. Имено, Управниот суд одлучи да преиначи дел од одлуките на Државната изборна комисија.

Неконзистентноста во начинот на постапување по тужбите за првиот и вториот изборен круг, според МОСТ, е нешто што придонесува кон намалување на довербата во оваа институција, како крајна инстанца во процесот на заштита на избирачкото право.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.