Според невладината Мост во општина Центар во неколку избирачки места, меѓу кои и Дом на Градежници, по 17.30 часот забележана е гужва, тензична атмосфера, како и присуство на полицијата.
Причина за ваквата појава бил зголемениот број на грасачи и интервенции на партиските набљудувачи кои реагирале бидејќи гласачите не живеат во општина Центар.
Набљудувачите на МОСТ забележале реакции од страна на партиските набљудувачи, како и дилемата дали да им дозволат да гласаат.
Во Кочани регистрирани се 109 слуачи во кои гласачите се преставувале како неписмени и доаѓале да гласаат со туѓа помош. Истите лица кои се преставувале како неписмени подоцна помагале на други неписмени лица.
Во Гостивар МОСТ забележал случаи на семејно гласање во шест гласачки места. Имало и прекин од 20 минути на едно избирачко место, поради тоа што на гласачот не му било дозволено гласање затоа што имало потпис во списокот, односно на местото кај неговото име некој веќе гласал.
Во Тетово имало 20 сличаи на семејно гласање и некористење на УВ лампа, информираат од МОСТ. Таму се заблежани и 26 случаи на некористење на УВ ламба.
Во Битола имало прекин од 1 час и 40 минути поради скршен печат.
Во Куманово поради фотографирање на гласачко ливче изборниот процес бил во прекин од 20 минути.