И Мостар е во пламен, запалени се канцеларијата на градоначалникот, како и зградата на градската управа, полицијата интерневира, ова се последните информации од случувањата во Босна и Херцеговина, додека на улиците во Сараево започната е акција за апсења.
Во Тузла пак, откако на улиците излегоа и специјалните единици, и беа нападнати и новинарски екипи, ситуацијата се смирува. Улиците се проодни.
Во Зеница во судирите се повредени околу 30 цивили и 20 полицајци, а кантоналната влада поснела оставка.
>> Во Босна се случува бунт на гладните и сиромашните
Како што јави директно од БиХ за НОВА, новинарката Емица Ниами, во текот на викендот се очекува ситуацијата да се смири, но демонстрантите од понеделник повторно ќе излезат на улиците со своите барања.
Протестите на граѓаните кои почнаа пред дена во Тузла се проширија низ повеќе од 20 градови во знак на поддршка на обесправените работници од Тузланскиот кантон, но и како израз на општото незадоволство од моменталната ситуација во земјата.