Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можност за решение на спорот за името

0
By Нова ТВ on January 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчките медиуми воглавно објавуваат само најава на новата рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц кој денеска и утре ќе се сретне со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Сепак некои националистички интернет портали превидуваат неуспех на разговорите за името во Њујорк.

Информативниот портал „Њузнау“ пишува дека разговорите се одвиваат во услови кога Грција е економски и дипломатски ослабена поради финансиската криза, а Македонија се соочува со економска и внатрешно-политичка криза, и затоа успешниот исход од средбите во Њујорк е доведен во прашање.

Сепак, според порталот, овој период може да биде и совршена можност за решение. Грција би се ослободила од едно хронично прашање во нејзината надворешна политика и би се зајакнал преговарачкиот кредибилитет на Владата – дома и во странство, додека Македонија ќе добие билет за интеграција во евро-атлантските институции и политичка стабилност на Владата во земјата“.

Според „Скај“, дводневните контакти се продолжение на консултациите што се одржаа во Атина и Скопје на почетокот на јануари, за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за горливиот проблем со името на соседната земја.

Провладиниот „Катимерини“ во својата последна анализа на оваа тема пишуваше дека „Нимиц работи тивко, но ефикасно и оти прашањето за името влезе во клучна фаза“. Според весникот, двете влади дискутираат и не откриваат за што се разговара што потврдува дека овој пат се работи за „сериозни дискусии“.

Според весникот, „грчката политичка географија води до цврст заклучок дека решението што ќе го потпише сегашниот премиер ќе има поддршка не само од трипартиската влада, туку и од опозицијата. Од Алексис Ципрас ќе биде побарано да демонстрира сериозност и реализам кои треба да карактеризираат лидер кој тврди дека има моќ, без да се загрозат позициите и идеологија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.