Наесен се најавува трет канал на МРТ, а новиот телевизиски канал на македонски јазик нема да емитува специјализирани содржини, пишува Вест.
Јавниот сервис нема простор за емитување програма, поради што на есен Македонската радиотелевизија (МРТ) планира да пушти трет телевизиски канал.
Според информациите на весникот, новиот канал на македонски јазик нема да емитува специјализирани содржини, туку ќе биде програмски сличен на вторите програми на Хрватската радиотелевизија и на Словенечката радиотелевизија.