Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МРТ: Васил Гарванлиев е македонски претставник на Евросонг во мај во Ротердам

0
By Нова ТВ on March 23, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија, по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео спотот на годинашниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев (арх. 03 -1275/2 од 16.03.2021), по добиеното Известување од работната група која што работи на проектот ЕВРОСОНГ 2021 (арх. 03 -1275/5 од 19.03.2021), на ден 19.3.2021 одржа состанок. На него, по детално разгледување на Извештајот и пропратната документација, кој што хронолошки ги појаснува случувањата во врска со учеството на МРТ на Евровизискиот натпревар 2020/ 2021, утврди дека:

– МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

– Одлуката за избор на Васил Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 (арх.бр 02-361/4) била по пат на интерна селекција, според моделот – еден претставник / една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн. Бил упатен Јавен повик до авторите од земјава и од странство, на кој од пристигнатите понуди се избрала песната со која Гарванлиев беше одреден за претставник на Евросонг 2020 во Ротердам.

– За целата постапка, јавноста била информирана преку програмските сервиси и интернет-страницата на МРТ.

– Поради прогласената пандемија од Ковид-19, Евросонг 2020 бил откажан од страна на организаторот ЕБУ.

– По Програмскиот интерес за учество и оваа година (арх.бр. 14-4042), МРТ повторно аплицирала, избирајќи го истиот пејач за свој претставник на Евросонг 2021, по примерот на 24 земји-учеснички коишто исто така се определиле да ги испратат истите претставници. Заради континуитет во работата, истата работна група била задолжена да упати нов Јавен повик до авторите од земјата и од странство. Од пристигнатите песни, музички новинари од МРТ и самиот пејач се усогласиле дека песната “Here I stand” би била најсоодветен избор за композиција којашто ќе ја претставува МРТ на Евросонг 2021. За оваа одлука (арх.бр 02-236/2) и за сите други решенија, јавноста била информирана преку соопштенија.

– „Случај“ во јавноста настанал по објавувањето на спотот, поради два кадра коишто биле протолкувани како спорни. Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава. По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Тоа значи дека работната група веднаш реагирала и на таков начин спречила дополнително нарушување на кредибилитетот на МРТ.

– Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет, дека согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи.

– Изборот, Васил Гарванлиев да биде претставник на Евросонг 2021 е резултат на континуитет во изборот за претставник на оваа престижна манифестација, минатата година за што е организирана дебата , на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн. За сите одлуки, јавноста била информирана преку соопштенија.

– Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

– Сепак, имајќи го предвид сево ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага за во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.