Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мртвите не знаат за Неговото Височество, координаторот на СДСМ

0
By Биљана Секуловска on August 19, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Нанаја Махута. Анет Кинг. Ендрју Литл. Кармел Сепулони. Марама Фокс. Не знам ништо за овие луѓе, случајно одбрани низ пребарувањето на интернет. Но, има само една работа која ја знам во детали за нив. Знам се за сите нивни професионални трошоци, каде се вклучени и патните, како што знам до цент како се трошени парите на даночните обрзници на сите 120 пратеници во Парламентот во Нов Зеланд.

Доколку сакате и вие да учествувате во оваа игра, потребен ви е само еден клик на компјутерот- на располагање имате детална анализа за трошоците на секој што ќе посакате од политичарите на западните демократии.

Томислав Тунтев, координатор на СДСМ

Во меѓувреме, партијата СДСМ, вклучувајќи ги и пратениците координирани од Неговото Височество Томислав Тунтев, имаат точно една недела одмор, која е доделена со чеканот на Талат Џафери во Собранието. Тоа се седум дена кои ќе ја одбележат нивната иднина. Конечно се работи за 168 часа, или ако сакаат, 10.080 минути, предолги 604.800 секунди.

Во тие часови, кои сега растегнати во секунди изгледаат како вечност, имаат сите тие, а најмногу господинот Тунтев, време да размислат. Темата зададена за овие господа- пратеници е едноставна обврска: кој ќе биде најбрзиот можен рок да им падне на ум дека се обврзани да ги вратат оние десетици илјади евра на оние 45 пратеници кои живеат во внатрешноста на Македонија, а со особено внимание да се испразнат џебовите на тие 14 пратеници кои имаат станови во Скопје.

Се разбира дека од истата обврска за вклучување на мозочните вијуги и наоѓање решение за сите професионални трошоци е исклучена ВМРО, затоа што низ сите десет години власт се покажа како невозможна и нерешлива мисија. Низ годините со исклучителен ентузијазам беше покажано дека како резултат на нивното владеење  е произведен политички, финансиски и секој можен вид пустош. Патните трошоци на Силвана Бонева се најголемиот виц за злоупотреба на парите на даночните обврзници, ако се споредат со злоупотребите за кои СЈО започна истраги, кои се чини дека немаат крај. Но, секако некое идно Јавно обвинителство, треба да поведе истраги за злоупотребите на Бонева, како што следуваат и за сите останати функционери на ВМРО.

Неговото Височество, координаторот на СДСМ Тунтев, со особен талент за скапоцени решенија, иако тој смета дека се работи за ингениозно елегантни,  понуди четири опции. Се разбира дека никому не му паднало на памет дека е бесрамно  ниту едно од тие решенија да не биде- враќање на парите во касата на даночните обврзници.

Што предложи пред извесно време Височеството Тунтев: “4 алтернативи, едно е постоечкото (изживување со автомобил- моја забелешка) но да се регулира како што е потребно, со цел да не се злоупотребува. Втората алтернатива која ја понудив за разгледување е со давање на државни станови за користење, за време на мандатот, но петок сабота и недела да ни бидат дадени за комуникација со нашите избирачи и со семејството. Третата алтернатива е давање на надомест за одвоен живот и изнајмување на стан под кирија или четврт е хотелско сместување кој ќе биде избран на тендер“.

Според признанието на Тунтев, тој поседува стан во Скопје, но за жал, според изјавата дадена за 24 вести, тој стан имал само 39 квадрати и бил купен за да студира неговата ќерка. Би наликувало на излезно решение доколку Тунтев со истиот тој клик на компјутерот се информира дали бројката од над 20 проценти во меѓувреме пораснала, кога станува збор за сиромаштија во Македонија.

Тогаш нека размисли дали оваа тешка бројка може да се смени, а досега беше резултат на бесрамните политики од владеењето на Груевски и неговите луѓе. Потоа, подлабоко нека почне да анализира- зошто таквиот недостоинствен живот им приличи на сиромашните, но не и нему, со неудобните 39 квадратни метри стан кои одбива да ги користи.

Овие, според него ситни, безначајни, кои му се испод секоја чест 39 квадратни метри доколку сака, може да ги дели со детето во текот на неделата, нека помисли дека за промена е вредно човек да се жртвува, само со една цел, а тоа е највисоката цел заради која се одржува балансот на Универзумот, ако го прашате Стивен Хокинг кога говори за алчнoста заради која светот нема да опстане: доволно уништените од сиромаштија, беда и пониженост да не ги допонижи, да не ги бутне во калта дополнително, онаму каде што тие не смее да припаѓаат, но влегле во таа бездна поради некои околности, сосема поинакви од неговите, за кои тие се запознаени, но тој не знае за нивните и никогаш и не се заинтересирал, за таа класа која за него е долна, безначајна, заборавена засекогаш .

Но, заборава тој притоа дека тогаш кога почнал да им ги троши парите, тој тогаш и допринел за тие околности од кои тешко човек се извлекува, потребен им е сега тој, како што тие му беа потребни тогаш кога го заокружуваа на изборите, затоа што веруваа во промените и поинаквиот живот, затоа што заради сето тоа, пратениците на СДСМ на крвавиот четврток беа подготвени да го дадат својот живот.

Тоа го знаат дури и оние од кои се згрозува сега Тунтев, сиромашните, бедните, понижените, молчеливите. Освен една категорија, таа ништо и не знае, што ја прави најбезгрижна и совршено спокојна и таа нему сега му е утеха, ех, каква утеха сега него го крепи: “Освен починатите, кои никогаш не знаеја што се случуваше дури и додека бев жив” (Гинзберг- ироничен избор после дебаклот на Струшките вечери на поезијата, заради кој се замразивме во дебатата која ништо добро не донесе, освен што се удавивме во старата зла крв, историско бреме од кое во оваа земја лек нема).

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.