Постапката беше извршена ендоскопски, без сечење на стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела – рече Телаку.
На 33-годишен маж му бил отстранет мобилниот телефон од стомакот во Клиничкиот центар во Приштина, и тоа без употреба на скалпел. Ова го објави д -р Скендер Телаку, наведувајќи дека операцијата е извршена ендоскопски, пренесува Коха.
Д-р Телаку појасни дека четири дена човекот имал телефон Нокиа во стомакот , без да прецизира како апаратот се нашол во стомакот.
– Постапката беше извршена ендоскопски, без сечење на стомакот, го извадивме телефонот поделен на три дела – рече Телаку.