– По убедливата победа фокусот е на реализација на многу проекти на решавање на многу проблеми, бидејќи нашата цел е преку пракса на добро владеење граѓаните да видат не само ветувања туку и реализација и да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има сила енергија да ја води Македонија поинаку, а работата која ќе ја покажеме на локално ниво да биде дополнителен мотив граѓаните да ни ја дадат довербата на предвремените парламентарни избори и да покажеме дека Македонија може да успее, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски за Алфа ТВ.
– Како градоначалник создавам тим, луѓе кои соработуваат и сме мотивирани. Кренавме висок праг на очекувања и ние не сакаме да ги разочараме граѓаните. Затоа и имавме јавна презентација на буџетот, граѓаните да видат што ни е планирано, а сега останува да реализираме многу работи што сме ги ветиле и да бидеме фокусирани кон сите цели и реализација на се што сме ветиле- дециден е општинскиот татко на Аеродром.