Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музичарите очекуваат повеќе поддршка од Министерството

0
By on January 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По најавата на Министерството за култура дека ќе прави ревизија на ценовникот за музика на здружението на македонските музички изведувачи и продуценти.

„Министерството за култура треба похрабро да излезе со став и да го заштити правото на изведувачите и на продуцентите. На сите напади и клевети кон Македонската музичка индустрија-ММИ, често пати неосновани, очекувавме поголема заштита од Министерството. Требаше да заземат појасен и поконкретен став дека ова право е право кое мора да се остварува. Министерството е тоа што ги пропишува правилата како тоа да се прави и дека тоа треба да се оствари“, ова денеска го истакна Бодан Арсовски, извршен директор на ММИ, кој рече дека се најавува и менување на Законот, кој досега воопшто не заживеа, а веќе се менува, што, според него, е чудно.

Според него, искуствата од регионот покажуваат дека заштитата на колективните и сродни права е единствениот и вистинскиот пат кон модерна заштита на интелектуалната сопственост, што Европската унија ја очекува и од Македонија.

Паоло Свеци, директор на Хрватското здружение на изведувачи праша дали е праведно некој во Македонија да заработува од музика, а да не мора да плати.

– Разочаран сум што политичарите во Македонија го опструираат спроведувањето на законот. Осумдесет до деведесет отсто од програмата на радио станците е музика, а тие не сакаат да платат за користење. Тоа се минимални трошоци. Во Хрватска имавме кампања – цел ден музика во кафулињата по цена на едно кафе или весник, вели Свеци.

Грегор Штиберник од Здружението на изведувачи на Словенија, рече дека ниту едно кафуле во Македонија не е без пари за да не може да плати цена за музика колку што е цената на едно кафе.

– Најбитен елемент на некоја современа земја е интелектуалната сопственост и Македонија ќе се разликува од другите земји по својата музика, храна итн. Според истражувањата, музиката е побитна од ентериерот во кафулето. Се што бараат изведувачите и производителите на фонограмите за своите сродни права од радио станциите е четири пет отсто од приходите да користат за користење 80 отсто музика, рече Штиберник.

Тој потенцира дека во Словенија радио станциите плаќаат 50 центи за еден час музика, а во Македонија таа цена би била уште пониска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.