Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музички миксови и програма „PMG si Ti“ за роденденот на Мирко Попов

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со специјални музички миксови достапни за сите и со повеќе настани ќе биде одбележан 15 октомври, роденденот на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика Мирко Попов (1972-2024). Тој беше и издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, иницијатор и организатор на бројни музички фестивали, програми и културни акции.

Во негова чест, онлајн продавницата Mitra.mk, чиј голем поддржувач беше и Попов ќе го одбележи неговиот роденден со специјални музички миксови достапни за сите, кои ги направија неговите најблиски другари, соработници и диџеи. Миксовите ги рефлектираат креативизмот и страста кон музиката, кои беа нераскинлив дел од Попов.

Музички миксови направија: Дарко Јорданов, Виолета Качакова, Александар Гавровски, Божидар Видоевски, Илина Ангеловска, Нино Наумов, Божидар Јовановиќ Боле, Далибор Таневски – Дади, Дарко Марковски, Александар Малевски, Зоран Ристевски Зоки – Бејбе, Оги Узун, Нино Флудер, Роботек и Теа Шалдева.

Одбележувањето на неговиот роденден ќе продолжи на 18 октомври во барот „МАККА“ и ноќниот клуб „Епицентар“ со целовечерна музичка програма, која ќе се случи под името „PMG si Ti“, како цитат од песната „Право“ на ПМГ Колектив и обединувачки глас на прогресивната и еманципирана мисла и културно движење. Вечерта ќе има музика и диџеј настапи на: Александар Гавровски, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Виолета Качакова, Андреја Салпе, Илина Ангеловска и Божидар Видоески.

Дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ потсетува дека  уште од раните 90-ти преку создавање на ПМГ (прогресивна мултимедијална група) како водечка авангардна сила на скопските улици, Попов иницира широк спектар акции во полето на музиката и урбаната култура. Крајот на 90-те го бележи со формирањето на дискографската куќа ПМГ Рекордингс со над 300 изданија на современа македонска музика. Отворена за различни жанрови на автентичен и квалитетен израз од домашни автори, издаваштвото се развива и преку под-лејбловите ПМГЏез, ПМГ Танц Дигитал, Con:Tempo и Мкаедониде.

Попов иницираше и организираше бројни музички програми, фестивали и редовни концерти на музичарите чија музика ја издаваше. Освен промоција на домашната музика во рамки на овие настани во домашен контекст, презентираше и дел од светската електронска, рок и џез сцена. Меѓу нив се: Првиот фестивал на електронска музика кај нас „TRIBAL GATHERING“ (1996), „СЛОБОДНО СКОПЈЕ ФЕСТИВАЛ“ (1999) – еден од најзначајните кросовер настани кај нас, 14 изданија на ПМГ Рекордингс Фестивал, како и фестивалите произлезени од соработката со останати дејци на сцената: 12 изданија на Земјотрес – фестивалот на свежа домашна музика и пет изданија на Крај Вардарот Џез фестивал. Неговата пасија за винили го води во нов предизвик да издава македонска музика на овој се уште најценет носач на звук. Од 2017 до 2024 за ПМГ Рекордингс издава 13 винилни на  македонска музика.

Тој како музички автор и изведувач активно твори и настапува во своите бендови: ПМГ Колектив, Кантон 6 и Македони кру, како и со својот соло проект Мирко Попов квартет. Вкупно 17 албуми, едно издание на најголемите хитови на ПМГ Колектив, бројни синглови, како и еден албум соработка со Сетстат и Никола Коџобашија.

Како писател е потпишан на изданијата „Монографија: 20 Години те сакам“ и книгата за деца „Розевата планета“. Автор е на музика за театар и филм. Режисер и продуцент на музички видео записи, меѓу кои и музички филм „До небото замок“. Две децении работи како водител на бројни емисии на Канал 103, и дел од уредничката структура. Значењето на ова радио го документира во филмот „103 Љубовно писмо до алтернативната култура” (2012), во кој се јавува како сценарист, продуцент, наратор и селектори на музика.

– Неговиот придонес во македонската култура ќе остане трајно запишан и вреден, а неговата работа и креиран простор продолжува да се цени и развива преку делувањето на најблиските соработници, соопшти дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.