Факт е дека членот на Комисијата за лустрација на 4 јуни во полиција пријави кривично дело „Изнуда“, посочувајќи дека непознато лице му се јавило по телефон и му побарало 10000 евра, заканувајќи му се во случај парите да не бидат исплатени, соопштува МВР по денешното објавање на на Чедо Дамјановски дека добивал закани по живот.
Веднаш по добивањето на пријавата, полицијата започна да постапува. Набргу беше утврден идентитетот на осомничениот, а кон крај на минатата недела истиот беше обезбеден и повикан на службен разговор. Во разговорот, иако осомничениот потврди дека телефонот бил негов, посочи дека во спорното време, наводно го дал на две непознати лица кои се затекнале во спортската обложувалница во која што се наоѓал во моментот.
>>Дамјановски: Добивам директни закани по живот
Осомничениот е 56 годишно лице од Скопје кое и претходно и е познато на полицијата. Откако случајот ќе биде целосно документиран, против него ќе следи соодветен поднесок.