Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Неосновани и без аргументи се тврдењата за 20.000 двојни матични броеви

0
By Нова ТВ on April 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемот со двојните матични броеви започнал во 1981 година и по неговото откривањето, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви и таа постапка веќе подолг период е во тек, при што голем дел од овие матични броеви се поништени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

– Имено, ваквата појава започнала во 1981 година, кога во Република Северна Македонија е воведено електронско определување и евиденција на матичните броеви. Постапката за поништување на матичните броеви трае веќе подолг период и е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени. Изјавата дека во Република Северна Македонија има 20 000 двојни матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги предвид евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.

Од таму додават дека Одделот за граѓански работи во делокругот на своите надлежности има законска обврска да определува и поништува матичен број на граѓаните на Република Северна Македонија според Законот за матичен број („Службен весник на РСМ број 137/2013 и 55/2016“).

– Матичен број на граѓанин според постоечкиот закон се определува според местото на запишување на граѓанинот во матичната книга на родени во Република Северна Македонија. Според Законот за единствен матичен број на граѓаните од 1980 година, кога за прв пат е уредено определувањето на  матичниот број, и евидентирањето на матичниот број во РСМ се определувал според живеалиштето на граѓаните, а само за новородените деца според местото на раѓање, во Република Северна Македонија биле утврдени девет регистрациони подрачја, соопштија од МВР.

Од Министерството посочуваат дека определувањето и запишувањето на матичниот број траело од 01.01.1981 до 31.12.1985 година.

– Во овој временски период направени се грешки при определувањето и запишувањето на матичните броеви што довело до определување на дупли матични броеви за едно исто лице. Покрај ова дупли матични броеви се определувале и подоцна  како резултат на нецелосни проверки од страна на вработените во управните служби, погрешни податоци добиени од УВМК како и технички пропусти на постоечкиот Систем за автоматска обработка на податоците, посочија од МВР.

Заради целосно и навремено ажурирање на матичните броеви, се додава во соопштението, Одделот за граѓански работи, Секторот за управно надзорни работи, Одделението за државјанство, граѓански состојби и матичен  број се вклучи во овој процес во делот на утврдувањето на дуплите матични броеви, изготвува списоци со податоци и ги доставува до ОУР Скопје за понатамошна постапка за проверка во матичната евиденција и нивно поништување.

– Досега се обработени дупли матични броеви за тековни години од 1954 до 2019 година. Од 1930 година до 1954 година постапката за проверка на овие матични броеви е во тек и во овој  период од направена анализа има помал број на вакви матични броеви. Само за илустрација во ОУР Скопје од 660 дупли матични броеви, поништени се 580,  а за 80 постапката е во тек и се однесуваат за евиденција од матичните книги од месните канцеларии на УВМК Скопје и 213 матични броеви кои се за матична книга на родените за Скопје, велат од МВР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите изнесе тврдења за изготвување и издавање лични документи на исти лица со ралични матични броеви во земјава. Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, во зенжмјава постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.