Министерството за внатрешни работи oткри и запленети 540 стебла од растението ,,канабис сатива“.
По преземени соодветни мерки и активности во атарот на с.Малина Маала откриен е насад со површина од околу 80 м2 на кој имало засадено 540 стебла од растението „канабис сатива“.
На 15.08.2013 година, околу 16,00 часот, на лице место забележани се две лица, од кои едното Ј. Е. (16) од с. Арачиново-скопско, кое веднаш е лишено од слобода, додека другото лице Р.Б. (26) од с. Брест, скопско, успеало да побегне, се преземаат мерки за негово пронаоѓање. Пронајдените стебла од растението „канабис сатива“ се предадени на вештачење.
По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Ј. Е. и Р.Б. поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.