Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Повикани се 12 лица на разговор за нападот врз екипата на „А1он“

1
By Влатко Чаловски on March 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи најостро ги осуди инцидентите што се случија синоќа за време на протестите на т.н „Илинден 4“ во Скопје и најави дека ќе ги употреби сите капацитети за целосно да ги расчисти и санкционира одговорните.

Министерот Агим Нухиу денес на прес-конференција потенцираше дека ќе бидат санкционирани сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и апелираше до сите граѓани да се воздржат од секаков вид насилство и нарушување на правниот поредок.

– Граѓаните имаат право да протестираат на еден демократски начин, да се собираат на јавни места и да ги изразат своите ставови, но Законот за јавен ред и мир мора да се почитува. Би сакал да упатам апел до граѓаните сите свои ставови и мислења да ги изразат без нарушување на правните суштински вредности, рече Нухиу.

МВР информираше дека вчера се случиле три инциденти во коишто повредени биле петмина.

Покрај нападот врз новинарот и снимателот на интернет порталот „А1 он“, се случиле и две тепачки во близина на Народната банка и кај „Веро Џамбо“.

Помошникот министер за односи со јавност, Јордан Ламаноски информираше дека биле извршени три кривични дела „насилство“.

Во однос на првиот случај, на информативен разговор повикани се 12 лица, а според сознанијата на МВР извршители на нападот на новинарот и на камерманот биле двајца. Ламаноски информираше дека во предвид се земаат сите фотографии и видеа од протестите како и информациите од полициските службеници кои биле во непосредна близина за да се најдат напаѓачите.

МВР работи на расветлување и на останатите два инциденти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.