Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР со детали за истрагата со криумчарење луксузни автомобили, приведени 18 лица и поднесени кривични пријави

0
By Ана Василевска on July 5, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во спроведена координирана полициска акција насочена кон лица инволвирани во криумчарење на луксузни моторни возила на подрачјето на СВР Скопје, како и на подрачјата на Битола, Кочани и Ресен, денеска се извршени претреси на 24 локации, кај вкупно 23 лица со цел пронаоѓање и обезбедување дополнителни  материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела, а од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 3 лица се трага.

Како што соопштија од МВР, од страна на СВР Скопје во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела „Криумчарење“ по чл.278, „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по чл.278-б, „Фалсификување исправа“ по чл.378, „Спречување докажување“ по чл.368, „Злоупотреба на лични податоци“ од чл.149, „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 и „Компјутерски фалсификат“ од чл.379-а од Кривичниот законик, против 21 лице на возраст од 20 до 49 години, од кои 5 се вработени како референти во Одделение за управни работи – Скопје, и тоа: Д.С.(43), Н.Н.(42), В.И.(48), С.С.(37), А.Л.Т.(29), А.П.(20), З.А.(38), С.А.(49),Н.К.(26),П.М.(41), А.Ј.(38), М.И.(45), Ф.Ф.(31), З.Т.(25), С.К.(39), С.К.(41), И.Ј.(30), М.А.К.(43), Д.Т.(34), М.С.(35), И.В.(46), како и против едно правно лице од Кочани.

Денешната акција е спроведена од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација со надлежен Јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство Скопје.

– Од страна на СВР Скопје при преземањето на мерките и активностите во рамки на спроведено криминалистичко истражување утврдено е дека во период од 2020 до 2022 година, пријавените извршувале криминални активности, односно криумчарење на луксузни моторни возила така што им ги менувале оригиналните идентификациони броеви на шасијата, потоа изготвувале или обезбедувале фалсификувана документација и ги внесувале преку државната граница со оригинални или со фалсификувани странски регистарски ознаки или со претходно издадени македонски регистерски ознаки. Тие, избегнувајќи ја царинската контрола ги пренесувале како непријавена стока, без да ги  пријават во транзитна постапка за да се отпочне царинска постапка. Притоа, искористувајќи фалсификувани документи, како и претходно издадени оригинални македонски регистарски ознаки кои потоа со употреба на лажни јавни исправи како вистинити, односно со фалсификуван идентификационен број, ги легализирале возилата како оригинални, со цел нивна понатамошна препродажба преку фиктивни продажби како хаварисани и нивни продажби за нереални износи, со цел стекнување на противправна имотна корист од околу 36.329.247 денари, односно над половина милион евра, појаснуваат од МВР.

Во рамки на истражувањето одземени се 14 патнички возила кои се предмет на потрага во Србија, БиХ, Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија и Бугарија, како и џип „ланд ровер“ и 1 мотоцикл.

– Инаку утрово, со судска наредба и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје  извршени се претреси на дом и други простории во 23 објекти на подрачјето на Скопје, како и во Кочани, Битола, Ресен, при што се пронајдени и одземени еден воздушен хеклер, марихуана, еден пиштол, прашкаста материја, преку 400 куршуми кал. 9мм, 12 куршуми кал.7,64, куршум кал.7,65 мм, куршуми 7.62 мм, куршуми 7.62 x39, 40 куршуми за гасен пиштол, две воздушни пушки, детектор за метал, четири рамки со по 25 куршуми, еден топовски удар, една рачно направена бомба, еден панцир со плоча, безбол палки, ножеви, стари полициски амблеми, радиоврски, дрон, сензор за аларм, пригушувачи, компјутери и поголем износ на пари во различни валути, осум договори за купопродажба, печати од правно лице и други предмети, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Приведените лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

криумчарење МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.