МВР е во потрага по вандалите кои вчера попладнето ја каменуваа канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет, која воедно се користи и за потребите на ЛГБТ.
Имено, група млади лица го искршија излогот на ЛГБТ, а потоа истите се разбегаа по околните улички. Од страна на лицата кои фрлале со камења, повреден во рамо е еден полицаец и кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски„ во Скопје.
За вчера беше најавена „Контра геј-парада“, која не се одржа, а Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Хелсиншкиот комитет до полицијата поднесоа кривична пријава против анонимните организатори на овој настан.