Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Н.Македонија: Истражниот судија предвреме се повлекол!?

0
By Нова ТВ on April 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражниот судија задолжен да ја спроведува истрагата за сообраќајката во која животот го загуби новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов, предвреме го напуштил местото на настанот и целата работа им ја препуштил на сообраќајните полицајци – објавува „Нова Македонија“.

Судијата од Основниот суд Скопје 1 не покажал голема заинтересираност за случајот, пишува весникот повикувајќи се на информации од учесници во тимот истражители.

„Тој не дал наредба што да се прави, ниту како доказ да се земе. Се што собрале истражителите од полицијата, сработиле „на своја рака“ – пишува денешна „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ вчера објави дека нивната екипа која тргнала да направи фотографии од местото каде се случи сообраќајката кај клучката Хиподром на автопатот Велес-Скопје, пронашла билети од патарина, кутии цигари, весници и други лични предмети кои веројатно, а и по кажувањата на блиските, му припаѓале на Никола.

Но, екипата забележала дека на патот се уште стојат делови од автомобилот, како рачки од врати, делови од браниците, калниците, контролната табла на автомобилот и друго.

Главната и одговорна уредничка во весниците “Фокус” Јадранка Костова, исто така, тврди дека еден ден пред “Нова Македонија” и тие биле на местото на настанот и ја виделе истата слика.

-Не би сакала да ја коментирам истрагата, иако сето ова е чудно. Пред “Нова Македонија” и екипа на “Фокус”, вклучувајќи ме и мене, отиде на местото на несреќата да направи фотографии и ние, како и колегите од “Нова Македонија”, таму видовме и собиравме материјални докази. Имаше расфрлано делови од автомобилот, a пронајдовме и лични предмети на Младенов, вели Костова за НОВА.

КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ИСТРАГАТА од прилогот на Сашка Цветковска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.