Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најавениот „Ѕид од дронови“ на ЕУ може да стане оперативен до следната година

0
By Marija Todorovska on September 24, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавениот „Ѕид од дронови“ би можел да стане оперативен во рок од една година, со што ЕУ значително би ги подобрила своите капацитети за откривање беспилотни летала, изјави еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус.

Треба да сфатиме дека ни недостигаат капацитети за откривање дронови. Можеби имаме добри капацитети за откривање авиони ловци и ракети, но дроновите имаат специфичности, бидејќи летаат многу ниско и се мали, истакна Кубилиус за „Еурактив“.

Можното лансирање на „Ѕидот од дронови“ за една година го потврди и портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и одбрана Тома Рение на денешниот прес брифинг во ЕК.

Комесарот (Кубилиус) ја најави временската рамка од една година. Тој е малку пооптимистичен кога станува збор за неговиот старт, бидејќи за сето ова се уште треба да се дискутира на техничко ниво, додаде Рение.

Тој соопшти дека покрај претходно објавените осум земји членки – Бугарија, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Финска, и плус Украина, кон иницијативата „Ѕид од дронови“ се приклучила и Словачка, додавајќи дека неговата „изградба“ ќе биде тема и на разговори со НАТО, во рамки на посветеноста на ЕУ за соработка со партнерите од Алијансата.

Рение нагласи дека сепак повеќе детали за целиот проект ќе бидат познати по состанокот на Кубилиус со претставници на земји вклучени во проектот, кој е предвиден за в петок.

Тоа нема да биде само состанок што ќе изгледа убаво на хартија, туку состанок со силна посветеност и со конкретни резултати, изјави Рение, додавајќи дека создавањето на „Ѕидот од дронови“ е вистинска потреба на ЕУ и затоа Комисијата очекува силна посветеност од земјите членки што ќе учествуваат на средбата.

ЕУ тиод од дронови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.