Почина најстариот маж некогаш, Јапонецот Џиромон Кимура на возраст од 116 години.
Кимура е роден во 1897.
Кимура, кој живееше во Кјотанго во близина на Кјото во западниот дел на Јапонија, почина во средата откако доживеа напад на пневмонија.
Тој стана најстарата личност на светот на 17 декември 2012 година, откако претходно почина најстарата личност според Гинесовата книга на рекорди, 115-годишна жена од Ајова.
По смртта на Џиромон, „епитетот“ најстара личност сега му припаѓа на друг Јапонец, Мисао Окава, кој на 5 март наполни 115 години.
Според податоците на јапонската Влада, во државата има повеќе од 50.000 стогодишници.